11
Авг
2015

Реализација на дипломски и магистерски тези на студенти од Шумарскиот факултет од Скопје и Бернскиот универзитет за применети науки од Швајцарија

DSC_0656_1000x667_studenti

Програмата за зачувување на природата во Македонија во рамки на компоненетата за соработка помеѓу Шумарскиот факултет во Скопје и Бернскиот универзитет за применети науки (BFH-HAFL) од Швајцарија поддржа реализација на три дипломски и две магистерски тези на тројца македонски и двајца швајцарски студенти кои во периодот август – септември работеа во Брегалничкиот регион на теренскиот дел за подготовка на нивните тези. Македонските и швајцарските студенти работат во парови по методологија развиена од страна на BFH-HAFL, a под менторство на професори од Шумарскиот факултет од Скопје и Бернскиот универзитет за применети науки од Швајцарија,  со цел размена на знаење како помеѓу студентите, така и помеѓу професорите на двете институции.

DSC_0605_1000x667 studenti

Студентите Марија Стерјовска (ШФ) и Patrick Schwab (BFH-HAFL) работат на темата „Оптимизација на одгледувачките мерки во букови шуми од изданково потекло во горниот Брегалнички регион“, студентите Даниел Ѓенчевски (ШФ) и Christian Aeschlimann (BFH-HAFL) работат на темата „Генетски и јагеродно сврзувачки потенцијал на буковите изданкови шуми во гoрниот Брегалнички регион“, а студентот Борис Најдовски работи на темата „Значењето на овчата испаша за стопанисувањето со пределите во горниот Брегалнички регион”. Во теренските истражувања студентите имаа голема поддрша од ЈП „Македонски шуми“ преку своите подружници во Кочани, Пехчево и Берово со кои исто така беа споделени методологиите за работа на студентите. Планирано е до крајот на годината да бидат изработени и одбранети сите теми со исклучок на темата „Генетски и јагеродно сврзувачки потенцијал на буковите изданкови шуми во гoрниот Брегалнички регион“ која се очекува да биде одбранета во 2016 година. 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...