Шести состанок на Управниот одбор
На 18.09.2015 година во Зрновци се одржа шестиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Состанокот се одржа во ресурсниот центар на Клубот на млади истражувачи на Зрновци, кој е адаптиран и опремен како дел од малите проекти на Програмата за зачувување на природата во Макеоднија. На состанокот беа присутни членовите на Управниот одбор од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион и Швајцарската амбасада во Mакедонија, како и членови на Проектниот тим за координација.
На состанокот беше усвоен Нацрт полугодишниот извештај за 2015 година, а беа презентирани и малите проекти за здруженија кои се реализираа во рамки на првиот повик на Програмата за зачувување на природата во Македонија.