Здружението Регионален Центар за застапување од Делчево го реализра проектот со кој се воспостави едукативна патека долж коритото на реката Брегалница во централното градско подрачје во Делчево, со цел да се запознае јавноста за флората и фауната кои живеат во овој дел од река Брегалница.
Патеката ќе се користи за едукација на неформален начин, со користење на информативните табли кои се поставени долж патеката. Со подигање на нивото на знаење од областа на биодиверзитетот но и за видовите кои ги има во р.Брегалница и целото нејзино сливно подрачје ќе придонесеме за заштита на истите, нивно правилно искористување но и заштита на целиот еко систем на споменатата локација.
Очекувани резултати
- Уредување на еден дел од кејот со тематски содржини од областа на биодиверзитетот
- Спроведување на најмалку 50 часа практична настава на годишно ниво
- Посетеност на патеката од најмалку 2000 ученици на годишно ниво
- Посетеност на патеката на најмалку 500 граѓани на дневна основа
- Подигање на нивото на едукација кај граѓаните од Делчево
Активности кои се реалзирани во рамки на проектот:
- Промоција на проектот и на биодиверзитетот преку медиумите
- изградба на еко патека долж кејот на р.Брегалница во Делчево од природен камен
- Подготвени се и поставени инфо табли долж патката со намена за едукација на отворено.
- Проектот е промовиран преку локалните и регионалните медиуми.
Крајни корисници на проектот ќе бидат учениците, кои заедно со наставниците на уредената локација ќе следат настава во природа и практична настава со цел запознавање со биолошката разновидност од поблиску.