Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на водопадите на езерото Гратче – Општина Кочани

Проектот го реализира Општински спортски актив од Кочани, на водопадите на езерото Гратче.

Главна цел на проектот е заштита на биолошката разновидност и природата низ промоција и одржливо користење на водопадите на езерото Градче.

Со реализација на проектот ќе се обезбеди:

  • добра пристапност до самите водопади и нивната непосредна околина која ќе се овозможи со расчистување на пристапниот пат.
  • поставување информативни табли и патокази за да се овозможи информираност за патеката, биолошката разновидност и природните карактеристики за локалитетот;
  • видиковец кај самиот водопад со кој ќе се овозможи можност за едукација на различни категории на заинтересирани страни (ученици, студенти,туристи итн.)
  • промоција на водопадите преку веб страна, информативен материјал (постери и флаери),одржување на промотивни средби со различни категории на посетители (наставници по биологија од основните и средните училишта со нивните ученици,претставници на локалната самоуправа,спортски друштва,туристички агенции од регионот и пошироко).

Picture 042_1000x750 OSA

Активности кој се реализирани во рамки на проектот:

  • Изработена е веб страна www.vodopadikocani.mk со сите информации за настанокот на местото, водопадите, биолошката разновидност, како и проектните активности;
  • Расчистен е пристапниот пат од ниско стеблести растенија и грмушки, дрвјата по течението на реката, како и непроодниот дел во должина од 150 м.
  • Локалитетот околу водопадите е уреден со видиковец,седечки гарнитури и ограда, поставени се корпи за отпадоци и подобрена е достапноста на водопоадите.
  • Изработени се и поставени информативни табли и патокази од мотелот Гратче до водопадите со информации за биолошката разновидност на овој локалитет.
  • Изработени и испечатени се флаери и постери за промоција на биолошката разновидност на локалитетот
  • реализирани се 3 работилници на водопадите, со учество на деца од основните и средните училишта во Кочани. На правата работилница децата истражуваа и го запознаа биодиверзитетот околу водопадите, втората беше наменета за сликање на амбиентот, а третата имаше за цел планинарска ориентација и едукативна средба со спортски работници.
  • Проектот беше промовиран преку локалните и регионалните медиуми.

DSCN9211_1000x750

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...