Концептот на ПЗП за одржлив туризам во и околу заштитените подрачја дел од финалистите на првиот Меѓународен саем за планински иновации
Првиот Меѓународен саем за планински иновации се одржа од 23 до 26 октомври 2023 во Болзано, Италија со учество на над 80 претставници од планинските региони од Балканот, Карпатите, Алпите, Кавказ, Јужна и Источна Африка.

Фото: Andrea De Giovanni
Тимот на Фармахем како координатор на Програмата за зачувување на природата (ПЗП) го презентира концептот за интегрирани туристички понуди во и околу заштитените подрачја, кој како пристап се заснова на одржливо користење на природните ресурси, а во исто време обезбедува социјално економски придобивки за локалното население. Како дел од презентацијата беше промовирано и видеото за интегрираните туристички понуди, заедно со дел од локалните производи и промотивни материјали.
Концептот побуди голем интерес кај учесниците и организаторите и беше избран за еден од осумте финалисти на настанот.

Фото: Andrea De Giovanni
Ова беше одлична можност за презентираање на резултатите од досегашните активности, а исто така и за размена на искуства и вмрежување со другите региони за понатамошни активности кои ќе придонесат за подобрување на условите и надминување на предизвиците со кои се соочуваат планинските региони.

Фото: Andrea De Giovanni
Настанот се одржа во организација на УНЕП, со поддршка од Австриска Агенција за Развој (АДА).