Посета на ЗП Малешево на претставнички на дипломатскиот кор и Владата на Република Северна Македонија
На иницијатива на Министерката за животна средина и просторно планирње Каја Шукова, претставнички на дипломатскиот кор во нашата држава и претставнички на Владата на Република Северна Македонија на 06.10.2023 година го посетија новопрогласеното заштитено подрачје Малешево.
Амбасадорот Улман се осврна на поддршката која Швајцарија ја дава на регионот преку Програмата за зачувување на природата повеќе од 10 години, со цел да се зачуваaт неговите природни вредности и да промовира одржлив и инклузивен социо-економски развој. Претставниците на Фармахем како координатор Програмата за зачувување на природата и МЕД како партнер спроведувач, ги запознаа присутните со вредностите на ЗП Малешево, како и со содржините на Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, кoj стана главен центар за едукација, подигање на јавната свест и промоција на одржливо користење на природните ресурси за ова подрачје.
Посетителите имаа можност да се запознаат и со дел од локалните производители и да вкусат од традиционалните производи по кои е препознатлив крајот, со што се отвараат нови можности за социо – економски рaзвој на локалните заедници.
Во рамките на настанот, учесничките имаа прилика да ги посетат и да уживаат во убавините на водопадите Црн Дол, по што го посетија истоимениот излетнички простор уреден за безбеден традиционален пикник што нема да предизвика деградација на природата. Добро управуваните заштитени подрачја се клучни за зачувување на ресурсите и благосостојбата на луѓето!