Не е доцна да ја вратиме биолошката разновидност!
Со истражувачка работилница која се одржа во Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, и истражувачка прошетка до локалитетот Јудови Ливади денеска заедно со учениците од ООУ Ванчо Китанов од Пехчево дадовме придонес кон одбележување на меѓународниот ден на биолошката разновидност.
Во духот на овогодинешното мото „Од договор до акција: Да се обнови биолошката разновидност!“, во соработка со Македноско Еколошко Друштво, Едукативниот Центар за зачувување на природата и наставници од ООУ Ванчо Китанов заеднички ги истраживме живеалиштата, специфичните видови на жив свет кои ги има во околината на Едукативниот центар и поттикнавме активизам кај учениците – како секој од нас може да придонесе да ја вратиме биолошката разновидност.
Креативните изработки на учениците ќе бидат изложени во ООУ Ванчо Китанов, со цел да се зголеми разбирањето и свеста за важноста на биолошката разновидност за опстанокот на планетата кај сите ученици. Настанот се организира во рамки на Програмата за зачувување на природата во С.Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, а координиран од Фармахем.