11
Јул
2022

Како нашата храна ја чува животната средина?

Живееме во време кога секој вид на овошје и зеленчук станува достапен во секој период од годината. Во поголемиот дел од светот, маркетите и пазарите се полни со прехранбени производи од целиот свет и човековата популација како никогаш порано има избор на храна и продукти.

Количеството на потребна храна, брзината на нејзиното производство, разновидноста и потребата за брза дистрибуција остава трајни последици врз природата. Со цел да се задоволат потребите за храна се прават огромни штети врз животната средина: се согоруваат огромни количества на фосилни горива што го загадуваат воздухот, водите се загадуваат со големи количества на ѓубрива и пестициди, се сечат шумите со цел создавање на нови земјоделски површини, се сушат реките и езерата со цел наводнување на овие површини и се намалува агролошката разновидност цел производство на монокулутури кои се основа за производство на мноштво различни прехранбени продукти.

Фото: Васил Милјовски

Иако се чини дека човекот на индивидуално ниво може малку да смени во овие големи, глобални случувања, но сепак човекот има контрола врз тоа со што и како се храни. Доколку сакаме да продолжиме да се храниме здраво, а притоа минимално да влијаеме врз животната средина еве што може да направиме:

Храни се локално

Ова е многу стара поговорка, но сега повеќе од било кога оваа реченица го има своето значење. Ова значи исхрана со продукти од локално потекло, идеално локални сорти и видови на овошје и зеленчук за чии транспорт е потребно многу помалку ресурси за разлика од увозните продукти. И најважно храна што ја произведува локалната заедница

Читај ги етикетите

Потеклото и составот на храната се многу важни доколку сакаме да се грижиме за природата. Иако не можеме да имаме предзнаење за сите технолошки постапки за храна, но доволно е да знаеме од каде потекнува храната и кој ја создал

Избегнувајте амбалажа и пластика

Отпадот е значаен аспект од производството на храна. Затоа секогаш треба да бираме продукти со што може помалку амбалажа и/или амбалажа која лесно може да се рециклира.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...