Започна со реализација обука за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за концептот за екосистемски услуги
На 24 и 25 март во х.Манастир во Берово се спроведе Модул 1 од Обуката за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за концептот за екосистемски услуги. Обуката се состои од 8 модули за различни тематики од областа од интерес, а Модул 1 се однесуваше на првично запознавање и вовед во концептот за екосистемски услуги.
Во првиот дел од модулот, претставник на Фармахем ги презентираше пред присутните целите и планот за јакнење на капацитетите како и историски преглед на развојот на концептот, додека пак од страна на претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање беше презентиран моменталниот статус на екосистемските услуги во нашата држава.
Вториот ден од обуката беше резервиран за предавачите од Македонското еколошко друштво кои освен што направија вовед во екосистемските услуги (концептуални рамки, класификација, каскаден модел, пристапи и проценки), ги запознаа учесниците со позначајните проекти и иницијативи за концептот за екосистемски услуги во Европа и светот, но и за ситуацијата кај нас.
На обуката присуствуваа претставници на институции и организации кои се поврзани со управување и мониторинг на природното наследство (веќе воспоставени заштитетни подрачја, оние кои се во постапка за репрогласување и сл.), со донесување на одлуки како и креатори на политики.