17
Мар
2022

Живот во подрачје под заштита

Живот во подрачје под заштита, значи живеење во населено место чиишто граници се наоѓаат во или многу близу до природно подрачје под законска, официјална заштита. Речиси сите заштитени подрачја од сите категории, насекаде низ светот во своите граници опфаќаат поголеми и помали човечки населби, па дури и мали градови и гратчиња. Поради експанзијата на човечката популација, многу е тешко да се сретне подрачје под заштита каде што отсуствува присуството на човекот или пак неговите населби не се распослани во околните подрачја.  

Локалното население има клучна улога во одржувањето на заштитеното подрачје и е клучен актер во остварувањето на плановите за развој и унапредување на природните вредности во подрачјето, а во исто време животот на локалното население е несомнено поквалитетен во споредба со другите региони. Животот во подрачје под заштита со себе носи многу бенефити од различен вид и карактер, а сите тие водат кон поквалитетен, постабилен, поздрав и помирен живот.

Подобро здравје

Луѓето кои живеат во границите на подрачје под заштита живеат живот во средина со исклучителни природни вредности: чист воздух и вода, квалитетна храна, простор за рекреација и развој. Оддалечени од урбаните џунгли, врева и загадување – луѓето во овие подрачје се генерално поздрави, повитални и подолговечни.

Подобри услови за живот

Понекогаш подрачјата под заштита поради нивната важност, преставуваат места кои брзо се развиваат; се подобрува инфраструктурата, патишта и сообраќај, се отвораат нови бизниси и услуги и се подобруваат условите за снабдување со енергија и комуналии. Сето ова води до стабилен и квалитетен живот.

Подобар социо-економски статус

Туризмот е директно поврзан со подрачјата под заштита, поради нивната туристичка атрактивност особено за различните видови на алтернативен туризам. Многу често, прогласувањето на подрачјето под заштита води директно до зголемување на фреквенцијата на посетители, што значи директно вложување во локалната заедница, кое пак води до подобрување на економскиот статус. Туризмот- дополнително ја зголемува и побарувачката на традиционални, локални производи. И најважно, статусот на заштита е силен бренд кој укажува на производи од проверена чиста животна средина, што многу влијае врз конкурентноста на производите.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...