Се одржа информативен настан за презентација на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел „Малешево“
На 10 март 2021г. (среда), со почеток во 12:00 часот во Бизнис инкубаторот во Берово, се одржа информативен настан за презентација на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел „Малешево“ .
Настанот беше во организација на Програмата за зачувување на природата, во соработка со Општините Берово и Пехчево и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се обезбеди транспарентност и активно вклучување на засегнатите страни во процесот за прогласување на „Малешево“ за заштитено подрачје. На настанот беа присутни претставници на државни и локални институции, невладини организации, бизнис сектор, како и приватни сопственици и други засегнати субјекти.
Се очекува Министерството за животна средина и просторно планирање официјално да ја отпочне процедурата, врз основа на иницијативата за прогласување на заштитено подрачје „Малешево”, која беше доставена од страна на Општините Берово и Пехчево.
Изработката на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел „Малешево“ е реализирана од страна на експертски тим на Македонско еколошко друштво, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија-фаза 2, Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем Скопје.