25
Фев
2021

Подготовка за идните Натура 2000 подрачја

Во периодот од 2018-2020 година Програмата за зачувување на природата – Фаза 2 (ПЗП), (финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC), го приближи брегалничкото сливно подрачје кон европската мрежа на заштитени подрачја Натура 2000.

Партнерите во ПЗП (Министерството за животна средина и просторно планирање, Македонско еколошко друштво и Фармахем) во процесот за идентификација на Натура 2000 подрачја во сливот на река Брегалница, работеа во регионот на Овче Поле, Долна Брегалница и Малешевските Планини. Во соработка со 29 експерти од земјава и од странство, успешно се спроведе процес на идентификација и разграничување на идните Натура 2000 подрачја (Долна Брегалница и Малешевски Планини) во источниот плански регион. Во овие активности во трите години беа реализирани 539 теренски денови за одредување на состојбата на типовите на живеалиштата и видовите кои се од европско значење. Во истражувањата беше воочен и тип на живеалиште кој е нов за Драфт Референтната листа на типови на живеалишта за нашата земја. За Овче Поле, кое како идно Натура 2000 подрачје е веќе идентификувано во 2016-2017 година, ќе се направи надополнување на податоците откако ќе завршат дополнителни анализи во периодот што следи.

Кампањата за Натура 2000 процесот во брегалничкото сливно подрачје, има за цел да се промовираат приоритетните живеалишта и видови кои се од Европско значење и да се доближи значењето кон пошироката јавност, преку брошури и видеа кои ги информираат граѓаните и чинителите за овие важни и уникатни природни богатства.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...