12
Јан
2021

Планините и природата

Планините се едни од најимпозантните појави на површината на Земјата. Тие зафаќаат околу 27% од површината на планетата и околу 22% од вкупната човечка цивилизација наоѓа живот во овие извишенија. Планините не даваат можност за живот само на оние што живеат на нив, туку и оние во нивните долини и падини. Луѓето што живеат на и околу планините, зависат од нив за многу природни услуги и продукти како: вода, храна, енергија, огрев, биолошка разновидност, но и место за рекреација и душевен мир. Планините се комплексни агро-културни системи кои во себе ги чуваат традиционалните практики и вештини. Планините обездбедуваат слатка вода за пиење за речиси половина од човештвото, па затоа тие се нарекувани и светски водени кули. Тие се главно оружје во борбата против инвазивни видови, загадување на воздухот и климатските промени. Тие претставуваат центар за развој на хидроенергијата, туризмот, шумарството и земјоделството.

Насекаде низ светот, планините ги нудат најспектакуларните пејсажи, кои во себе содржат голема разновидност на видови и живеалишта и специфични човечки заедници. Планините ги има насекаде и на сите континенти и во сите биоими па може да бидат многу суви и пустинести, прекриени со густа тропска шума или пак голи и прекриени со мраз и снег.

Фото: Димитар Егуменовски

Планинските екосистеми се особено важни за биолошката разновидност. Многу планиниски екосистеми се домаќини на најголемиот број на видови на планетата и се шампиони во ендемизам. Изолираните планински области се често жешки точки на биодиверзитетот. Планините во себе чуваат дури една четвртина од вкупната сувоземна биолошка разновидност, и половина од жешките точки по видови разновидност се наоѓаат на нив. Планинскиот биодиверзитет има клучна улога во поддршка во заштита на животната средина, светската економија, како и култура. Поради ова, заштитата на биолошката раазновидност, ќе води до одржливо користење на планините и избегнување на нивна деградација и уништување.  За некои видови, планините претставуваат прво прибежиште од промените во животната средина и нивен безбеден рај. Но, сепак многу од видовите кои природно ги населуваат планините, особено оние кои живеет на големи надморски височини, се соочени со многу притисок што се должи на промените кои следуваат со промена на климата и глобалното затоплување.

Само околу 3% од територијата на Европа се смета за планинеста, а Балканскиот Полуостров има значаен придонес кон овој процент. Се смета дека на Балканот и кај нас се наоѓаат последните „диви“ планини, низ кои може да се сретнат дествени шуми и вековни дрвја. Планините се чувствителни и кршливи екосистеми, кои лесно може да се променат под дејство на естремните климатски и биогеографски услови. Најголеми закани за нив и денес, остануваат лошите шумарски практики, инфраструктурниот развој, неодржливиот туризам, искористувањето на минералните резерви, уништувањето на живеалиштата и климатските промени.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...