18
Ное
2019

Реализирана обука за статистика и употреба на софтверот R

Во рамките на Програмата за зачувување на природата се одржа професионална обука за „Статистика и употреба на софтверот R“, со цел да се збогати шумарската наставна програма со нови и корисни теми во областа на статистиката чија примена има огромни размери во различни сфери. Обуката се одржа од 5-8 ноември во просториите на Шумарскиот факултет во Скопје, а предавањата беа одржани од м-р Жереми Хентген од Бернскиот универзитет за применети науки во Швајцарија. Студентите и професионалниот кадар од Шумарскиот, Земјоделскиот и Природно-математичкиот факултет во Скопје имаа можност да бидат дел од предавањата на кои беа запознаени со основите, но и со многубројни можности и функции кои ги нуди овој софтвер при прикажување на резултатите од научните истражувања.

Статистиката е наука која има фундамнетална примена во секоја научна сфера и е тесно поврзана со истражувачката работа, пришто помага во поедноставување на сложените податоци до едноставни облици за истите да бидат разбирливи. Многубројните статистички методи помагаат во формулирање и тестирање на различни хипотези, па со употребата на статистички софтвер како што е софтверот R, огромен број на комплексни статистички операции можат да бидат обработени и доведени во поедноставена и јасна форма.

Обуката се состоеше од неколку дела каде што се обработуваа теми за описна статистика, нумерички и категорични променливи, еднонасочна анализа на варијанса, линеарна регресија, преметка на табеларни податоци и матрици како и визуализација на податоците со примена на софтверот R.

Учесниците на обуката ја препознаваат важноста и потребата од обуки од овој тип, во однос на тоа дел од нив ги дадоа следните изјави:

„Обуката беше одлична можност за проширување на знаењата од областа на описната статистика, нумеричките и категоричките променливи. Од личен аспект, чувствувам задоволство што преку конкретни примери, работа во групи и непосредна комуникација со предавачот можев да научам за еднонасочните анализи на варијанси, простата линеарна регресија и за анализата на варијансите и визуелизацијата на податоците со R-софтверот“ – Борис Најдовски, магистер на Шумарскиот факултет во Скопје.

„Обуката беше многу продуктивна. Како активен истражувач на популациите риби во нашата земја, од големо значење ми претставуваше заедничкиот јазик на статистиката, на кој зборуваме сите учесници. Дискутиравме за бројните предизвици кога сме соочени со потребата од изведување на заклучок за цела популација, врз основа на ограничен примерок од видови. А да се одговори на овие прашања преку широко апликативниот R софтвер, можеби претставуваше најголемиот предизвик, и секако задоволство да се отпочне неговото совладување. Се чувствувам благодарна на тимот кој стоеше зад оваа идеја, како и на предавачот кој го овозможи влегувањето во т.н. R свет“ – Јулијана Арсовска, докторант на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Обуката за статистика овозможи проширување на знаењата за употреба на соодветни методи за обработка на податоци, дескриптивна анализа и ефективна визуализација на податоците. Со оглед на тоа што статистичките познавања имаат голем придонес во науката и добивањето на прецизни податоци, потребата од обуки и проширување на знаењата во оваа област се значително големи.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...