13
Ное
2019

Правилно собирање на шумски продукти како начин на заштита на природата

Собирањето на шумски продукти е постојан процес во човечката култура кој трае и денес. Луѓето секогаш кон шумата гледале како место каде што може да најде храна, но и лекови.

Под собирање на шумски продукти се подразбира сезонско собирањe на шумски овошки, билки и чаеви, семиња, габи, лишаи и итн.
Долго време, собирање на овие продукти не влијаело на нивните популации, но како се зголемувало човечкото присуство така се повеќе и повеќе количеството на продукти низ природата се намалувало. Денес, еден од најголемите проблеми е прекумерното, постојаното и неправилното колекционирање на шумски продукти.

Фото: Жаклина Реџовска

Со оваа лоша пракса се става во опасност опстанокот и на растението што се експлоатира, како и на другите животни што можеби се исхрануваат со него. Умерено, контролирано и одржливо собирање се единствените начини како може да ги зачуваме овие продукти што сѐ уште се на располагање.

Освен што треба да внимаваме како собираме, мора да се работи и во склад со националните законски регулативи. Кај нас, согласно Законот за шуми, сите што сакаат да собираат малини, капини, боровинки, печурки и други шумски производи и лековити билки и ги предаваат на регистрираните откупни пунктови, имаат обврска да дојдат во подружница на ЈП Македонски шуми и да извадат сезонска дозвола. Пријавувањето и регистрацијата се врши во 30 подружници на јавното претпријатие насекаде во државата. Само со правилно собирање и контрола од државата можеме да ги зачуваме шумските богатства.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...