14
Авг
2019

Што се екосистемски услуги?

Услугите од природата, т.е. екосистемските услуги, се дефинираат како „придобивки што луѓето ги добиваат од еко системите“. Тие директно или индиректно влијаат на опстанокот на луѓето и на нивниот квалитет на живот. Луѓето понекогаш забораваат колку природата и биодиверзитетот се важни за нивното секојдневно функционирање. Храната, облеката, живеењето, транспортот, лековите и енергијата се производи, односно услуги од различни екосистеми. Водата, храната и медицинските ресурси се некои од многуте суровини што луѓето ги добиваат директно од различните екосистеми.

Фото: Кристина Најдовска

Храната е значаен фактор во животната средина. Таа е услов за живот и главен носител на енергија во животната средина. Храната е дел од еко системите што нѐ поврзува сите. Сите екосистеми обезбедуваат услови за одгледување и собирање на храна, како и за лов и риболов. Oд сите услуги на екосистемите, производството на храна е единственото кое покажува постојан тренд на пораст во поновата историја. Но со климатските промени, глобалното затоплување и со загадувањето на почвите, водата и воздухот, храната ќе се намалува. И за луѓето и за сите други живи организми.

Екосистемите играат важна улога во обезбедувањето на протокот на вода и складирањето на свежа вода. На светот постои многу вода, но најголем дел од неа е со висок процент на сол и е дел од океаните. Најголеми депозити на слатка вода се глечерите, но таа вода не е секогаш достапна. Слатката вода не е важна само за опстанокот на луѓето, туку и за опстанокот на сите постоечки видови на животни и растенија.

Преку чувањето на животната средина, се грижиме екосистемските услуги што ни ги нуди природата да ги имаме и понатаму во иднина.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...