24
Јул
2019

„Медена земја“ од 26 јули во кината во САД

Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) од 26 јули ќе се прикажува во кината во САД. Застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, која ги откупи правата за прикажување во Северна Америка, македонскиот победник на „Санденс“ ќе има кинодистрибуција во селектирани киносали, вклучувајќи ги „Ламли Ројал“ (Laemmle Royal) во Лос Анџелес и „Куад синема“ (Quad Cinema), Њујорк.

Стартот на проекциите е одбележан со средба на режисерите на „Медена земја“ ‒ Љубо Стефанов и Тамара Котевска со публиката и претставници на медиумите, во Лос Анџелес (22-23 јули) и во Њујорк (25-27 јули).

Во меѓувреме, филмот беше прикажан во „Синема Детроит“ (Cinema Detroit) во Детроит, како и во „Реј старк фемили театар“ (The Ray Stark Family Theatre) и во Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес. На 24 и 25 јули следуваат проекции во „Џејкоб Брнс филм центар“ (Jacob Burns Film Centre), а ден подоцна и во „Куад синема“ (Quad Cinema) во Њујорк. На 16 август ќе игра во Форт Колинс, Колорадо.

„Медена земја“ ќе може да го погледне и публиката во Австралија на 31 јули на фестивалот Stronger Than Fiction во Канбера, а на 2 и 18 август во Мелбурн.
Во текот на летото продолжува учеството на филмските фестивали, меѓу кои и на еден од најголемите во регионот ‒ „Сараевскиот филмски фестивал“, кој ќе се одржи од 16 до 23 август.

Кон крајот на август ќе биде прикажан пред домашната публика, на најголемиот фестивал за документарни филмови кај нас, „Македокс“, по што ќе се најде на редовниот репертоар во македонските кина.

Документарецот „Медена земја“, кој по триумфот на филмскиот фестивал „Санденс“, беше прикажан и награден на повеќе од 20 филмски фестивали, го очекуваат кинодистрибуции во: САД, Канада, Англија, Германија, Австрија, Полска, Белгија, скандинавските земји, Шпанија, Турција, Кина, Јужна Кореа, па сѐ до Австралија.

Долгата листа на признанија деновиве беше збогатена со специјалната награда од жирито на фестивалот за документарни филмови во Исланд, „Ајсдокс“ (Icedocs FF).

Не запираат и позитивните коментари од познатите филмски критичари во светските медиуми. Најнова, во низата одлични рецензии е од Ентони Лејн за влијателниот „Њујоркер“. Во статијата, која деновиве беше објавена во онлајн изданието, новинарот вели дека „документарецот „Медена земја“ потсетува на тешката, исконска вистина за родителите, децата, алчноста, почитта и за потребата од внимателно искористување на ресурсите“. Воедно, препорачува филмот да се гледа во друштво на нервозни млади двојки или идни родители, и да се проследат нивните реакции, откако ќе видат во какви услови живеат децата од документарецот. Текстот ќе биде објавен и во печатеното издание на „Њујоркер“ на 29 јули, под наслов „Скротување на природата“ („Taming Nature“).

На официјалната страница на филмот, honeyland.earth се наведени сите претстојни проекции и гостувања. На неа сѐ уште е актуелна кампањата за донација за протагонистите во „Медена земја“.

Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...