28
Сеп
2018

Придобивките од заштитените подрачја

Заштитено подрачје претставува „копнена и/или водна површина наменета за заштита и одржување на биолошката разновидност и на природните и придружните културни ресурси, кое се управува преку правни и други ефикасни мерки“ – (според IUCN 1994, Меѓународна унија за заштита на природа). Заштитените подрачја во регионот на Брегалница со нивните исклучителни природни, културни и историски вредности претставуваат значаен потенцијал за одржлив развој на регионот и се од големо значење за локалното население. Токму затоа е голема и обврската за нивно зачувување за идните генерации. Според современите сфаќања, заштитеното подрачје не забранува и не исклучува искористување на природните ресурси како собирање на шумски и споредни шумски производи, традиционално сточарење и развој на туризам. Заштитеното подрачје само го регулира начинот на искористување на природните ресурси кои треба да бидат достапни во подолг временски период. Тие се во функција на населението кое живее и зависи од природните ресурси, па затоа една од улогите на заштитените подрачја е добробитот на локалното население.

Регионот на Брегалница претставуваат релативно чиста средина и без поголеми напори можат да се обезбедат услови за органско производство на земјоделски продукти и храна карактеристични за регионот. Воспоставувањето на заштитено подрачје поддржува социо-економски развој преку зајакнување на врската помеѓу човекот и природата, промоција на природното и културното наследство и поддршка на локални иницијативи (дефинирање на „еко зони“) со цел подобра промоција и сертификација на земјоделски производи од регионот. На тој начин би се придонело за создавање на препознатлив белег за регионот, негова поширока афирмација и економски бенефит.

Воспоставување на заштитено подрачје може да обезбеди вработување на локалното население, особено младата популација и заживување на руралните средини во регионот.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...