Започна процесот на креирање на маркетинг стратегија за јадрените групи на пчеларите и производителите на ориз
Јадрените групи на пчеларите и производителите на ориз од брегалничкиот регион кои применуваат одржливи земјоделски практики во своето производство, на 6ти јули во Кочани учествуваа на еднодневна обука за значењето и основите на маркетинг и подготовка на маркетинг стратегија, која беше реализирана со поддршка на Програмата за зачувување на природата.
Учесниците имаа можност да се здобијат со повеќе информации и познавања на можностите за подобар маркетинг на своите производи како еден од клучните проблеми во земјоделството. Обуката ја држеше консултантот м-р Лазо Димитров, кој преку интерактивен пристап и дискусии со учесниците го презентираше маркетинг концептот. Особен фокус на обуката беше даден на анализа на четирите основни сегменти на маркетинг миксот и кај двете групи на производители: производ, пазар, цени и промоција. Со оваа работилница јадрените групи го започнаа процесот на креирање на маркетинг стратегија како прв чекор кон обезбедување на подобар пазар за одржливо произведените земјоделски производи на оризопроизводителите и пчеларите.