12
Јул
2018

Членови на работната група за пилот регионалниот план за управување со шумите во Малешево во едукативна посета на Словенија

Во периодот од 04 до 07 јули 2018 година, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, беше реализирана едукативна посета во Словенија на седум членови на работната група за Регионалниот план за управување со шумите (РПУШ) во Малешeво, со цел стекнување искуства од регионалното управување со шумите во Словенија.

Главен водич и организатор на студиската посета на шумите во Словенија беше Рената Розман од Регионалниот Парк „Шкоцјански јами“, координатор на проектот MobiTour INTERREG V-A Италија – Словенија 2014-2020. Посетата беше реализирана во соработка со паркот Шкоцјанске јаме и Шумарската служба на Словенија, а своите искуства во делот на регионално планирање со шумите споделија и претставници на Институтот за зачувување на природата, Министерството за животна средина и просторно управување, Министерство за земјоделие, шумарство и храна на Словенија, ЈП за управување со шумите во Словенија, претставници на општина Љубљана, како и на сопствениците на приватни шуми.

Во текот на посетата, претставниците на работната група имаа можност да се запознаат со пристапот на управување со шумите во Словенија, вклучително и активностите за исполнување на барањата за Натура 2000 во управувањето со шумите, како и зачувување на природата од аспект на шумарството. За време на посетата учесниците имаа можност да се запознаат со управувањето на шумите со посебна намена во Љубљана, позитивните и негативни аспекти во процесот и имплементацијата на РПУШ „Постојна“, а исто така и начинот на управување со шумите во рамки на регионалниот парк „Шкоцјански јами“, кој е под заштита од УНЕСКО.

Стекнатите искуства и презентираните практични примери во рамки на оваа студиска посета во Словенија ќе бидат од голема помош во развојот на РПУШ во Малешевијата, особено во делот на примена на партиципативен пристап и соработка меѓу институциите, како и во однос на интегрирање на различните функции на шумата, водејќи сметка да не се наруши природната рамнотежа. Во групата која што ја посети Словенија беа претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за економија- Сектор за туризам, Македонско еколошко друштво, ЈП „Македонски шуми“, општина Пехчево, Центарот за развој на Источен плански регион, како и претставник од Програмата за зачувување на природата во Македонија.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...