26
Мар
2018

Селска архитектура

Во оформувањето на селата покрај природните, голема улога имале и географските услови. Водата за пиење и наводнување, погодната почва за обработување или, пак, напасување на стоката, отсекогаш биле примарен фактор во однос на местоположбата на селата и градовите.

Важен фактор притоа е и опкружувањето со други населени места и блискоста до некои од поважните патишта за комуникација и размена на стоки. Не смеат да се заборават и промените во општествено-политичкото уредување. Така на пример, за време на турската окупација на Балканскиот Полуостров, христијанското население било принудено да ги напушти своите домови и да формира нови селски населби во посигурни, но помалку пријатни за живот планински области. Турската власт во Македонија и новосоздадениот чифлигарски систем креирале специфичен тип населби т.н. „чифлигарски“ сконцентрирани околу имотот на бегот, кои се одржале како такви до крајот на XIX век. Со реформите кои се спровеле во Отоманската империја и поголемата слобода која ја добила христијанското население, од почетокот на XIX век, полека почнува да се менува традиционалниот облик на селата. Голем број од нив добиваат структура и архитектура која како таква е зачувана и денес и истата претставува одлична можност за развој на ваквиот тип туризам.

Во основа селата во Македонија можат да се групираат во два типа: села од збиен и раштркан тип. Селата од збиен тип настанале како резултат на потребата од рационално искористување на земјиштето, заедничка одбрана и обработка на земјата. Ваквиот тип села претежно се сретнуваат во планинските и ридските населби. Раштрканиот тип села се составени од повеќе помали групации (маала) кои гравитираат кон еден центар. Секое село има свој центар „сред село“, место во кое обично е лоцирана поголема црква или џамија и чешма, а во поново време продавница или кафеана. Сепак, не смее да се заборави фактот дека по Втората светска војна, во Македонија беше евидентен трендот на иселување на селата, па така оставени на забот на времето, голем број репрезентативни примери од традиционалната македонска архитектура се неповратно загубени.

Денес на многу места во ИПР можат да се сретнат голем број одлични примери на традиционалната македонска селска архитектура, но, за жал, мал е бројот кои се и соодветно зачувани. Евидентен е трендот на употреба на нови „модерни“ градежни материјали со што трајно се нарушува изгледот на овие објекти. Исто така, со напуштањето на традиционалниот начин на живот и обработка на земјата, полека во неповрат одат и големиот број придружни објекти и предмети, дел од богатата историја на овој крај. Позитивен чекор е реконструкцијата на неколку етно куќи преку кои се доловува традиционалниот живот во овој крај, но, сепак, треба да се посвети особено внимание на конзервацијата на оригиналната традиционална архитектура и нејзината презентација.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...