05
Дек
2017

Се одржа работилница за „Регионален план за управување со шумите како можност за одржливо управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница“

На 22 и 23 ноември 2017 година во х. Манастир во Берово се одржа работилницата „Регионален план за управување со шумите како можност за одржливо управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница“ на која свое учество имаа институции и организации на национално, регионално и локално ниво кои претставуваат заинтересирани страни во процесот на пилот регионалниот план за управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница (РПУШ).

Rabotilnica_Shumarstvo_2

Со организација на оваа работилница, ПЗП го започнува процесот на подготовка на пилот регионален план за управување со шуми во горниот дел на реката Брегалница што претставува прв ваков план кој ќе се изработи во Република Македонија со целосна вклученост на различни заинтересирани страни. При реализација на оваа активност ќе биде обезбедена поддршка од страна на Бернскиот Универзитет за применети науки (BFH-HAFL) со директна експертска вклученост на интернационалниот експерт проф. д-р Јурген Бласер, како и од други швајцарски експерти со долгогодишно искуство во швајцарското шумарство во насока на пренесување на искуствата и знаењата во делот на регионалното управување со шуми.

Rabotilnica_Shumarstvo_3

На работилницата од страна на претставникот на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, Цветан Николовски беа презентирани досегашните активности на Програмата во однос на одржливото шумарство како и активностите кои ПЗП ги планира во идната година во активноста за Регионалниот план за управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница. Од страна на проф. д-р Јурген Бласер беше презентиран концептот за регионално планирање со шумите во Швајцарија како и преглед на процесот во Македонија.

Присутните претставници на заинтересираните страни искажаа поддршка на реализацијата на активноста, при што во процесот на подготовка на РПУШ треба да се изврши и хармонизација на надлежностите на вклучените институции согласно нивните надлежности и моменталното законодавство. Процесот на подготовка на РПУШ ќе продолжи во 2018 година, а кон крајот на 2018 година се очекува да биде изработена и првата верзија на пилот регионалниот план за управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница.

Rabotilnica_Shumarstvo_1

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...