Биолошка разновидност на домашни животни

Автохтона популација на овци ПРАМЕНКА-Овчеполка
31
Авг
2017

Биолошка разновидност на домашни животни

Во регионот на Брегалница присутни се голем број на локални видови домашни животни. Дел од нив се автохтони за Република Македонија (овчеполска овца, македонска пчела), а дел од нив се распространети и во околните земји (говедо буша, домашна балканска коза, каракачанска овца и шарпланинско куче).

Од локалните раси во регионот на сливот на Брегалница, најзастапена е расата овца праменка кој се среќава во три соја: овчеполски, шарпланински и каракачански. Поимот праменка означува примитивна овца која опстојува во скромни услови на нега и исхрана. Таа е нископродуктивна раса со тројни производни особини: млеко, месо и волна. Расата е отпорна и добро прилагодлива на услови за одгледување.

Автохтона популација на овци Праменка - Овчеполка

Овчеполската овца претставува симбол на долниот тек на Брегалница и на целото подрачје. Загубите на биолошката разновидност кај домашните животни во регионот и пошироко е евидентно и не се должи само на запоставениот интерес за чување на автохтони раси, туку и на долгогодишниот процес на губење на општите популации на домашни животни во регионот.

Заштитата на биодиверзитетот кај домашните животни, претставува планска, координирана и дологорочна активност содржана во Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од каде и неопходноста за нејзина доследна примена.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...