09
Фев
2017

Оглас за ангажирање советник за потребите на ПЗПМ, фаза 2

„Фармахем“, како координатор на Програмата за зачувување на природата во Македонија, има потреба од ангажирање едно лице (програмски советник) за работа во локалната канцеларија на Програмата во Пехчево. Лицето ќе биде ангажирано на определено време за координација на активностите од Програмата поврзани со туризам, земјоделство и синџир на вредности, вклучително учество во планирање и известување, комуникација со засегнатите страни, поддршка на надворешните експерти во реализација на активностите, промоција на Програмата и сл.

Oglas-za-vrabotuvanje

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
1. Универзитетска диплома од природни, технички или општествени науки соодветни за одговор на бараните задачи;
2. Работно искуство во управување/учество на проекти од областа на туризам, земјоделство или синџир на вредности, а финансирани од странски донатори – минимум 3 години;
3. Искуство во примената на партиципативниот пристап во областа на управувањето со природните ресурси;
4. Познавање на законската регулатива од соодветните области од интерес;
5. Солидно познавање на англискиот јазик;
6. Познавање на компјутерските вештини;
7. Поседување возачка дозвола (категорија Б);
8. Одлични комуникациски вештини, капацитет за анализа на комплексни прашања од областа на управувањето со природните ресурси, прецизност, самоиницијативност, како и желба за тимска работа и постојано усовршување.

Заинтересираните кандидати може да се пријават за работното место со следниве документи:

  • мотивациско писмо на англиски јазик,
  • лично CV на англиски јазик со фотографија,
  • препораки и уверенија соодветни на бараната позиција

најдоцна до 20.02.2017 година на: info@bregalnica-ncp.mk
Сите кандидати кои ги исполнуваат барањата на огласот имаат еднаков третман, без разлика на полот, националноста и религијата.

Ќе бидат контактирани само кандидатите избрани во потесниот круг.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...