ПОВИК НА КАНДИДАТИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ПЧЕЛАРСТВО ВО ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
Програмата за зачувување на природата во Македонија, во рамки на компонентата за зачувување на агробиодиверзитетот, односно активности кои се однесуваат на пчеларството планира реализација на обука на млади невработени лица кои во иднина би сакале да се занимаваат со пчеларство. Со оваа активност Програмата за зачувување на природата во Македонија сака да го помогне економскиот развој на регионот како и да ги потенцира можностите и придобивките на жителите на ИПР од одржливото управување со природните ресурси.
Обуката ќе се организира во периодот Март-Октомври 2016, еднаш неделно, во тек на работни денови, а програмата за обуката предвидува тероретски предавања и практична обука.
За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани невработени лица до 35 годишна возраст да се пријават за учество на обуката.
Припадничките на женскиот пол, се охрабруваат да се пријават за учество на обуката, а за нив старосната граница е неограничена.
Поради ограничените можности за успешно спроведување на обуката, бројот на учесници е ограничен на вкупно 20 лица.
Критериумите за избор на кандидатите се:
- Да се со постојано место на живеење во следниве општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново – Облешево и Штип;
- Да не се постари од 35 години (овој критериум не важи за пријавените жени)
- Да се невработени;
- Да имаат интерес за отпочнување на сопствен бизнис во областа пчеларство, а досега да не се занимавале со оваа дејност ;
Повикот е отворен до 6-ти Март 2016 година, а заинтересираните кандидати треба да достават пријава за учество со кратко мотивационо писмо изразувајќи ги мотивите за учество на обуката, кратка биографија и потврда дека се невработени.
Пријавите треба да се достават на е-пошта: jasminka@bregalnica-ncp.mk , најдоцна до 6-ти Март 2016 година.