Втора работилница во рамки на подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2015 – 2024)
Во Штип, на 31.10.2014 година се одржа втората работилница со заинтересираните страни за подготовка на Студијата за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион, која е дел од програмската активност за изработка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2015 – 2024) која се реализира во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Работилницата беше организирана со цел да се направи анализа на можните видови туризам од аспект на инфраструктурните, човечките и институционалните капацитети на регионот и застапените природни и културни ресурси. Учесниците на оваа работилница имаа можност да се запознаат со идентификуваните природни и културни ресурси во ИПР, да разменат и усогласат информации кои се однесуваат на инфраструктурните, човечките и институционалните капацитети (потреби и недостатоци) на регионот по однос на развојот на различни видови туризам, да разменат и усогласат информации поврзани со начинот и степенот на искористувањето на природните и културните ресурси (содржини, атрактивности) за развој на различни видови туризам како и заеднички да усогласат идни чекори во процесот на прибирање и престатвување на податоци кои ќе бидат користени во процесот на изработка на Студијата за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во ИПР. На работилницата присуствуваа претставници на голем број општини од ИПР како и претставници на други засегнати страни во процесот на подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР.
На 01.11.2014 претставници на консултантскиот тим задолжен за спорведување на оваа активност од ИДЕА О.К. и БДС и претставници на ПТК на Програмата за зачувување на природата во Македонија имаа теренска посета на неколку природни и културни знаменитости во ИПР се со цел да подобро запознавање со можностите за развивање на различни видови на туризам во регионот.