Одржан состанок на ПТК со имплементаторите на Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето за сливот на река Брегалница
На 30 ноември 2014 година, во просториите на Природно-научниот музеј во Скопје се одржа состанок на претставници од Проектниот тим за координација Програмата за зачувување на природата во Македонија, со експертите од тимот на Деконс – ЕМА кои работат на подготовка на Анализата на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето за сливот на река Брегалница. Цел на состанокот беше да се презентираат првичните наоди од страна на експертскиот тим за истражувањата во сливот на река Брегалница, кои беа спроведени во првите шест месеци од потпишување на договорот. По презентацијата следуваше плодна дискусија и насоки за понатамошните активности кои се планирани да се реализираат во текот на 2015 година. Од страна на Проектниот тим за координација на ПЗП беше изразено задоволство од досегашните активноти и динамиката на реализација.