06
Окт
2014

Прва работилница во рамки на подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2015 – 2024)

DSC_0304_1000x667_turizam3

Во Штип, на 06.10.2014 година се одржа првата работилница со заинтересираните страни за подготовка на Студијата за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион, како дел од програмската активност изработка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2015 – 2024). Работилницата беше организирана со цел да се направи анализа на просторот на регионот од аспект на природните карактеристики и создадените вредности по однос на културните ресурси. Учесниците на оваа работилница имаа можност да разменат и усогласат информации поврзани со идентификација на природните ресурси кои имаат потенцијал да продонесат во развојот на туризмот во регионот, да разменат и усогласат информации поврзани со идентификација на културните ресурси кои имаат потенцијал да продонесат во развојот на туризмот во регионот како и заеднички да се усогласат идните чекори во процесот на прибирање и престатвување на податоци кои ќе бидат користени во процесот на изработка на Студијата.DSC_0297_1000x667 turizam1

Работилницата беше отворена од страна на градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев и директорот на ЦРИПР Драгица Здравева. Работилница беше во организација на ИДЕА О.К. и БДС како спроведувачи на програмската активност и ЦРИПР како стратешки партнер на ПЗП во Македонија. На работилницата присуствуваа претставници на голем број општини од ИПР како и претставници на други засегнати страни во процесот на подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...