27
Окт
2013

Процесот на подготовка на Просторен план за Брегалничкиот регион презентиран пред градоначалниците

prostoren_plan1На 27.10.2013г во Виница, на редовната седница на Советот за развој на Источниот плански регион, пред градоначалниците од регионот беше презентиран процесот на подготовка на  Просторниот план за Источнен плански регион. Претставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање ги објасни чекорите во подготовката на просторниот план, како и неговото значење за целокупниот развој на Источниот плански регион. Овој стратешки документ ќе вклучи изработка на 17 секторски студии, како и Aнализа на недостатоци во еколошките податоци за подрачјето на сливот на река Брегалница и еколошка мапа на сензитивност.

Изработката на Просторниот план е една од програмските активности на Програмата за зачувување на природата во Македонија, а како проектни партнери се вклучени Агенцијата за планирање на просторот, Министерството за животна средина и просторно планирање и Центарот за развој на источниот плански регион. Од особена важност за релевантноста на Просторниот план е активното вклучување на општините, преку Партиципативното тело во кое членуваат стручни лица од општините од регионот. Дел од општините веќе ги имаат формирано локалните Партиципативни тела, а кај останатите оваа активност  е ставена на дневен ред за следните седници на Советите на општините, кои ќе се одржат во првата половина на октомври.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...