Првична анкета за свеста за зачувување на природата и познавање на Програмата за зачувување на природата во Источнен плански регион
Согласно дефинираните насоки од Стратегијата за комуникација на Програмата за зачувување на природата во Макеоднија, во текот на септември-октомври се реализира првично испитување на јавното мислење за зачувување на природата и информираноста за Програмата во Источнниот плански регион.
Од страна на Проектниот тим за координација подготвени се два типа на прашалници и веќе се спроведува анкетирањето. Едниот прашалник е наменет за претставници на општините, НВОи, релевантни институции и бизнис секторот на локално ниво.
Со вториот прашалник, кој е наменет за граѓаните ќе бидат опфатени репрезентативен примерок на испитаници од сите општини во регионот.
Целта на оваа активност е да се направи првична проценка на јавното мислење, како и ставот на релевантните институции во однос на прашањата поврзани со зачувување на природата од една страна, како и степенот на информираност за Програмата за зачувување на природата во Македонија од друга страна.
Првата фаза од анкетирањето со која се опфатени претставниците од општинските администрации веќе е завршена. Проектниот тим за координација ги посети сите општини од регионот, а средбите беа искористени и за размена на информации во однос на тековните активности на локално ниво кои влијаат на зачувување на природата, како и за дефинирање на структурата на локалните заинтересирани страни кои треба да бидат опфатени со анкетата.
Исто такво истражување на јавното мислење ќе се спроведе и на средина на Програмата, како и во завршната фаза, за да се следат ефектите од Програмските активности врз перцепцијата на граѓаните и засегнатите страни на локално ниво за прашањата поврзани со зачувување на природата.