Одржан втор состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија
На 02.07.2013 година во просториите на Фармахем во Скопје се одржа вториот состанок на Управниот одбор на „Програмата за зачувување на природата во Македонија“. На состанокот беа присутни членовите на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија – претставници од: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). На состанокот учествуваа и претставниците на Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница. Претставниците на Проектниот тим за координација на Програмата го презентираа полугодишниот извештај за периодот јануари – јуни 2013 година, по што беше усвоен од страна на членовите Управниот одбор. Беа усвоени и записникот од првиот состанок, како и Правилникот за работа на Управниот одбор.