05
Мар
2013

Потпишан Меморандум за разбирање за Програмата за зачувување на природата во Македонија

Potpisuvanje_na_Memorandum_2
На 5 март 2013 година во Скопје, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Н.Е. Стефано Лазарото и Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми го потпишаа Меморандумот за разбирање за Програмата за зачувување на природата во Македонија.

Во своето обраќање Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми истакна дека „Програмата ќе придонесе заинтересираните страни на национално, регионално и локално ниво ефективно да ги зачуваат природните ресурси во регионот, интегрирајќи ги современите пристапи за нивно зачувување и одржливо управување и планот за локален економски развој“.

Амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Н.Е. Стефано Лазарото во своето обраќање истакна дека очекувањата на Швајцарија за побрз и одржлив равој на брегалничкиот регион се релативно големи, имајќи предвид бројните интервенции кои се поддржани од страна на швајцарската влада во овој регион. Тој ја изрази својата убеденост дека проектот за управување со сливот на реката Брегалница, проектот за пречистителните станици за отпадни води, потоа проектот за образованието за животна средина и за зачувување на природата меѓусебно ќе се надополнуваат и ќе го овозможат овој регион да остане убаво и пријатно место за живеење. И што е уште поважно, ќе понуди на жителите широка палета на можности за економски развој без да се загади животната средина или да се загрозат природните вредности на овој регион.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...