Одржан првиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија
На 28.01.2013 година се одржа првиот состанок на Управниот одбор на „Програмата за зачувување на природата во Македонија“ во Кочани. Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија е составен од претставници на: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион и SDC (SCO Mакедонија). Воедно на овој состанок свое учество имаа и претставниците на проектот „План за управување со речниот слив на реката Брегалница“. Претставниците на Проектниот тим за координација на Програмата го презентираа Годишниот оперативен план за 2013 година, по што беше усвоен од страна на членовите од Управниот одбор. Со усвојувањето на овој документ и официјално се потврдени активностите и приоритетите на кои ќе работи Програмата во текот на 2013 година.