03
Дек
2012
Презентација на Програмата за зачувување на природата во Македонија пред Советот на гадоначалници на Источниот плански регион.
На 3 декември 2012 година градоначалниците од Источниот плански регион имаа можност да се запознаат со главните цели и активности на Програмата за зачувување на природата во Македонија кои треба да се реализираат во следните 4 години. Националниот тим лидер во својата презентација истакна дека оваа Програма претставува прва ваква сеопфатна програма за зачувување на природата која својот акцент го има ставено на еден регион и има за цел да ги зајакне капацитетите на Источниот плански регион. Од страна на градоначаниците на Источниот плански регион беше искажана поддршка за активностите кои ќе придонесат за поголемо зачувување на природата и воспоставување на основи за одржлив развој на овој регион.