Одржан работен состанок за разработка на интервенцијата за Националната Стратегија за заштита на природата
На 28.02.2012 во хотелот Континентал, Скопје се одржа работен состанок на кој се разработуваше интервенцијата за изработка на Национална Стратегија за заштита на приридата која претставува интервенција со национален ефект во Програмата за зачувување на природата во Македонија. На состанокот учествуваа државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање г-ѓа Соња Лепиткова, директорот на управата за животна средина г-дин Филип Иванов, раководителот на одделението за заштита на природното наследство г-дин Сашко Јорданов, г-ѓа Станислава Додева национален програмски советник во SDC/SCO Macedonia како и претставниците на кординаторите на Програмата: Марјана Шушлевска, Цветан Николовски и Катерина Талеска.
На овој работен состанок присутните дискутираа за планот на активности, временската рамка како и целта која треба да се постигне со интервенцијата за изработка на Национална Стратегија за заштита на природата.