25
Јан
2012
Прва работилница од Програмата за зачувување на природата во Македонија
Во периодот од 25 до 27 јануари 2012 година во хотел „Оаза“ – Штип ќе се одржи првата работилница од Програмата за зачувување на природата во Македонија. На оваа работилница ќе се разработуваат активностите од Програмата кои се очекува да имаат регионални ефекти во областите на просторното планирање, развојот на туризмот, јавна кампања и прекугранични иницијативи. На работилницата ќе учествуваат претставници на општините од источниот плански регион, министерства, државни агенции, институции и здруженија на граѓани. Во прилог на оваа информација, подолу дадени се поканата и агендата за оваа работилница.