23
Авг
2021

Заштитен предел и локалните заедници

Заштитените предели се едни од најуникатните заштитени подрачја во светот. За разлика од другите категории на заштита, каде се цели да се намали влијанието од страна на човекот или пак да се намалат и регулираат промените врз природата настанати од човечките активности, заштитените предели постојат токму да ја зачуваат врската помеѓу човекот и природата. Но, ова секако не значи неодржливо користење, масивен инфраструктурен развој или пак индустријализација, туку зачувување на одржливиот, традиционален начин на живот, одреден со одржливи земјоделски практики, одржливо користење на шумите како и развој на локален туризам.

 Да се заштитат и правилно управуваат заштитените предели значи да се ценат вредностите кои се производ на интеракцијата на човекот со природата кои на едно одредено подрачје се развивале во подолг временски период, а сега се дел од локалната традиција. Една од главните одлики на заштитените предели е зачувување на интегритетот на врската помеѓу човекот, неговите потреби и природата, а доколку на некои подрачја оваа врска постои, но со нарушен баланс, таа повторно да се изгради и засили преку активности кои вклучуваат враќање на традиционалните одржливи земјоделски, сточарски и шумарски пракси, овој пат подржани со научни точни и одредени постапки. Целта е овие подрачја да продолжат да се развиваат, но притоа без да се наруши природниот баланс што веќе е воспоставен како и најважно, развојот на заедницата да влијае минимално врз природниот пејзаж што е главна карактеристика за заштитениот предел.

Заштитата на видовите и биолошката разновидност се секако една од целите на управувањето со овој тип на подрачје, но ова не подразбира само програми за заштита на дивите видови, туку и заштита на локалниот, често автохтон агробиодиверзитет.

Живеење во едно заштитено подрачје секогаш носи со себе огромни предности. Самиот факт, дека животот се гради на територија со високи природни вредности придонесува многу до физичкото и менталното здравје. Живеење во заштитено и управувано подрачје носи со себе можности за економски и социјален развој, преку многубројните проекти и активности за заштита и одржување на подрачјето. Сите земјоделски продукти кои доаѓаат од тука, значително се пробиваат низ конкуренцијата, како продукти од еколошко значајно подрачјето. Развојот на туризам води до силна економски поддршка за локалните заедници, што дополнително ја стимулира желбата да се остане во руралната средина и тука да се формира животот, што би ја продолжил традицијата, не само на заедницата и семејството, туку и на целото подрачје.

Живот во заштитен предел, значи квалитетен живот, опкружен со здрава храна и чиста вода како и можности за економска и социјална стабилност. Сето ова се клучните фактори за квалитетен живот во 21-виот век.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...