18
Ное
2020

Осоговските Планини прогласени за заштитено подрачје – Заштитен Предел

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија, Осоговските Планини стануваат првиот заштитен предел (заштитено подрачје од категорија V) и прво поголемо заштитено подрачје во нашата држава прогласено после Националниот парк „Галичица“ во 1958 година.

Долгогодишните истражувања на природните вредности во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), примената на швајцарското искуство во вакви процеси, како и примената на партиципативен пристап со различни релевантни чинители придонесоа кон успешноста на овој процес. Присуството на бројни меѓународно и национално значајни видови и живеалишта, специфичните геоморфолошки појави, културното наследство како и вековната интеракција помеѓу човекот и природата што резултирала со појава на уникатни предели ги прават Осоговските Планини особено вредни за зачувување.

Осоговските Планини се значајно подрачје за растенија, значајно подрачје за птици, Емералд подрачје и дел од Европскиот зелен појас. На Осоговските Планини се разликуваат 9 типови на предели. Најкарактеристичен е Осоговскиот планински рурален предел кој поседува особена вредност како јадрово подрачје, но се истакнува и како коридор за крупни ѕверови.

Со прогласувањето на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија заштитен предел започнува еден поструктуриран пристап за социјално и економско унапредување и развој на осоговскиот регион. Освен локален развој на седумте општини што се вклучени во ЗП, започнува и процес на системско зачувување на природните ресурси на Осоговските Планини.

Согласно одлуката на Владата, ЈП „Национални Шуми“ интегрирано ќе управува со заштитеното подрачје Осоговски Планини, а ПЗП ќе обезбеди дополнителна поддршка при изработката на Планот за управување и зајакнување на капацитетите на телото.

Процесот за прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје се води во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем од Скопје. Локалната експертиза во процесот е на Македонското Еколошко Друштво – МЕД, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање – МЖСПП.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...