Објавена е публикацијата „Биолошка разновидност по долниот тек на реката Брегалница“
Во рамките на Програма за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, како дел од активностите на компонентата за „подобрување на статусот на природните вредности во брегалничкиот регион“, преку обновување на крајречната вегетација со зголемување на површината со крајречните шуми по долниот тек на реката Брегалница, беше изработена публикацијата „Биолошката разновидност по долниот тек на реката Брегалница“ која што е достапна на следниов линк: https://www.bregalnica-ncp.mk/wp-content/uploads/2020/12/Bioloska_raznovidnost_po_dolniot_tek_na_Bregalnica.pdf
Публикацијата има едукативен карактер и е наменетa за подигнување на јавната свест на локалното население. Во неа е претставен дел од специфичните видови животни и габи што се сретнуваат и живеат во крајречниот појас по долниот тек на реката Брегалница, а воедно претставува продолжение на публикацијата „Рипариски крајречни појаси по долна Брегалница“ (2019), каде што детално се опишани карактеристичните дрвенести видови и останатата растителност што го дефинираат овој шумски појас.