05
Мај
2014

Запознавање со потенцијалите за зачувување на шумскиот биодиверзитет во регионот

DSC_0187_1000x667

Како дел од активностите на Програмата за зачувување на природата во делот на зачувување на биолошката разновидност во шумските предели, во посета на регионот престојуваше професорот Урс Мулеталер од Универзитетот за применети науки во Берн. Целта на оваа посета беше првично запознавање со состојбата, предизивиците и можностите за зачувување на шумската биолошка разновидност во Источниот плански регион, што ќе послужи како основа за конкретни активности во следниот период, како и за насоки за поголема застапеност на теми поврзани со биолошката разновидност и зачувувањето на природата на Шумарскиот факултет во Скопје.  Претставници на Проектниот тим за координација на Програмата за зачувување на природата во Македонија заедно со професорот Урс Мулеталер имаа работни средби со претставници на релевантните институции од оваа област: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Секторот за шумарство и ловство, Шумарскиот факултет во Скопје, како и со претставници на фондацијата CNVP и Националното здружение на сопственици на приватни шуми. Исто така посетени беа и подружниците на Јавното претпријатие Македонски шуми во Штип, Кочани, Виница, Берово, Пехчево и Делчево. Во рамки на посетата професорот Урс Мулеталер имаше можност и директно на терен да  забележи дел од потенцијалите за кои беше дискутирано на средбите.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...