Проектот го спроведува Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица и има за цел да се зачува биодиверзитетот на Осоговските Планини.
Активности реализирани во досегашниот период:
- Трасирани се две патеки кон двата најголеми врвови на Осоговските Планини и тоа:
Првата патека: Манастирски комплекс “Еленец“ – Јуручки гробишта – Китка до Царев Врв (2085 м) во должина од 11 км на која се постави видиковец на местото викано „Китка“ и се доуреди планинската чешма.
Поставувена е информативна табла на почетокот на патеката кај манастирскиот комплекс „Еленец“,пет патокази со ознаки кон Царев Врв и пет корпи за отпадоци.
Втора патека: Рудник Саса – шумска барака – ајдучка чешма – караула Соко до Руен (2252м) во должина од 13 км на која е поставувен еден видиковец на местото викано Ајдучка чешма и доуредена е планинската чешма. Поставувена е информативна табла на почетокот на рудникот Саса пет патокази со ознаки кон Руен и пет корпи за отпадоци.
- Подготвен е лифлет со информации за патеките и биолошката разновиденост на Осоговските Планини.
- Организиран е промотивен настан за презенирање на проектните резултати и посета на патеките.