Проектот го спроведе ЗУТРЗ “Напредок” – Пехчево, со цел заштита и зголемување на бројот на автохтона домашна популација на овци Праменка – Овчеполка.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Селектирани се 100 јагниња од популацијата на овци Праменка – Овчеполка од фарми кои се регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како одгледувачи на популацијата и се формира матичното стадо, под стручен надзор од професори од Факулетот за земјоделски науки и храна.
- Направена е адаптација на објектот за сместување на матичното стадо, вклучително јасли за исхрана на јагнињата со кабаста храна и корита за зрнеста храна и заштитна ограда.
- за подогање на свеста за значењето на автохтоните видови, во Пехчево беше одржана трибина на која беа презентирани сите карактеристики на Овчеполката, идите планови за заштита и зголемување на автохтоната популација на овци како и идните развојни планови, а исто така беше дистрибуиран леток со едукативна содржина.

По завршување на проектните активности, фармата продолжи со активности, под постојан мониторинг од страна на Факулетот за земјоделски науки и храна.
