Проектот го реализира Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци и има за цел создавање на услови за подобро управување со агробиодиверзитетот во општина Зрновци преку:
- Подигање на јавната свест за потребата од подобрување на квалитетот и оджлива употреба на почвите во општина Зрновци
- Запознавање на населението на општина Зрновци со важноста на различноста на земјоделските култури, со аспект на старите сорти и раси,
- Запознавање на населението со важноста и улогата на животните во одржливото управување со агробиодиверзитетот во општината и пошироко.
Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Ресурсниот тренинг центар во Зрновци се одржаа предавања на тема „Значењето и улогата на сточниот фонд во одржливото управување со агробиодиверзитетот, со акцент на зачувување на автохтоните раси на домашни животни“ со проф. д-р Гоко Буневски и Одржливо управување со почвите и важноста на НПК анализа на почвата од старна на проф. Д-р Даница Андереевска и проф. Д-р Добре Андов, на што предходеше подготовка на Анализа за типови на почва на територијата на општина Зрновци Присутните имаа извонредна можност да се запознаат со повеќе интересни содржини, да постават прашања и да учествуваат во дискусија од наведените области.
- Се одржа предавање на тема Улогата на пчелите во зачувување на агробиодиверзитетот, со организирана посета на пчеларник во близината на Зрновци.
- Се изгради водопоило со чешма во месноста „Среден рид“ во с.Зрновци, со цел да се обезбеди чиста вода за напојување за стоката која гравитира околу оваа локација
- На 10.02.2016 год. членовите на Клубот на млади истражувачи составен од ученици од ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци имаа студиска посета во Скопје, која беше организирана од Здружението за рурален развој „Јавор“ – Зрновци. Беа посетени Институтот за земјоделие, Факултетот за земјоделски науки и храна и Природно научниот музеј на Македонија.
- На 12.2015 год. беше огранизирана посета на фарма со автохтони овци „Праменка овчеполка“ во с.Патралица, кривопаланечко. Заинтересирани сточари од општина Зрновци и регионот имаа убава можност да ја посетат фармата, да поставуваат прашања и разменат искуства на лице место. При посетата беше организирана и презентација од страна на претседателот на здружението, г-нот Моме Младеновски. Интересот и задоволството на сточарите од посетата да де поттик да се размислува и за други слични студиски патувања
- Создадена е колекција од семиња од локални земјоделски култури присутни во општина Зрновци (локална ген банка) Користење на формираниот ресурсно тренинг центар и вклучување на членовите на Клубот на млади истражувачи
- Подготвена е и испечатена брошура на тема Мерки и активности за подобрување и одржливо искористување на почвите
- Подготвена е и испечатена брошура на тема Значењето на органското производство и примена на стандардите за добра земјоделска пракса во насока на зачувување на агробиодиверзитетот.