Проектот го реализира Општинa Свети Николе, со цел да се намалат трошоците за енергија во општината, како и намалување на емисијата на штетни материи во воздухот и околината. Во СОУ „Кочо Рацин“ со проектните активности дел од старите дотраени прозорци се заменија со новите прозорци од квалитетен ПВЦ материјал со 5 комори со тип на стандард на стакло термопан, со што се влијаеше директно на подобра енергетска ефикасност на објектот и подобрување на условите за настава.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Намалување на потрошувачката на фосилни горива за загревање;
- Намалување на емисијата на CO2 во атмосферата;
- Подобрување на условите и удобноста во училишните објекти.
Проектот беше реализиран во периодот ноември 2015 – јуни 2016 година.