Проектот го спроведе Општина Чешиново-Облешево со цел намалување на потрошената електрична енергија за осветлување, со што се намалува и емисијата на стакленички гасови (CO2) во воздухот. Со проектните активности се заменија 72 живини и натриумови светилки со нови современи ЛЕД светилки за улично осветлување во Чешиново, Облешево и Уларци.

Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Намалени месечни трошоци за улично осветлување;
- Подолг век на траење на светилките за улично осветлување;
- Намалена емисија на стакленички гасови (CO2) во воздухот.
Проектот беше реализиран во периодот јули – декември 2015 година.
