Проектот го реалзира Општина Кратово со цел промоција на природните вредности на осоговскиот регион, промоција на употребата на техники за намалување на трошоците за енергија и заштита на животната средина, како и збогатување на туристичка понуда за алтернативен и еко туризам. Со проектните активности, во с.Каврак на Осоговските Планини се уреди објект – Инфо точка за запознавање со природата, со примена на техники за енергетска ефикасност на објектот.

Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Подигната свест за природните вредности на осоговскиот регион кај населението од општина Кратово и подобрена туристичка понуда;
- Подигната свест за енергетската ефикасност и заштита на животната средина кај учениците и наставниците од основното и средното училиште во општина Кратово.
Проектот беше реализиран во периодот август 2015 – декември 2015 година.
