Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево

Проектот беше имплементиран од страна на здружението Милиеуконтакт – Македонија на територијата на општина Пехчево, со цел да придонесе кон обезбедување на услови за одржливо управување со природните ресурси во општина Пехчево, преку промоција на биоразновидноста и георазновидноста во општина Пехчево.

Во рамки на проектот се реализирани следните активности:

  • Воспоставена и обележана е патека која спојува три избрани карактеристични локации во општина Пехчево, која е приспособена за пешаци и за велосипедисти;
  • Изработена е мапа со топоними за патеката, а исто така се поставени патокази долж патеката како и информативни табли за патеката и локациите;
  • Обучени се 7 Локални водичи во природа, кои се изгласани од страна на Советот на општина Пехчево;
  • Во делот на младинско образование одржани се вкупно 4 работилници за вклучување на младите во имплементација на проектот, а исто така се спроведен конкурс за избор на најубава литературна творба, фотографија и цртеж наменет за учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево;
  • За промоција на проектните резултати, беше изработена web страна и Facebook страна за промоција на проектот и патеката, беше организиран пикник на Јудови ливади со претставници на медиумите и тур-оператори од регионот за промоција на велосипедската патека и Локалните водичи во природа, а исто така беа отпечатени летоци со информации за локациите и мапа на патеката.

Проектот беше промовиран на локалните и регионални медиуми, а патеката е дел од интегрираната туристичка понуда.

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...