Проектот беше имплементиран во Лесново, од страна на Друштвото за заштита на природата на Македонија. Реализацијата на проектот придонесе кон промоција на природните вредности на Лесновскиот кратер пред пошироката јавност, подигање на јавната свест за значењето на оваа природна вредност, како и кон поттикнување на развојот на еко-туризмот во регионот.

Во рамки на проектот се реализираа следните активности:
- Се изработи фото документација за геолошките и геоморфолошките вредности на Лесновски кратер;
- Поставени се 4 информативни табли, со информативна и едукативна содржина;
- Се обележа патека во должина од 1.100 м со соодветни патокази, која води од с. Лесново до подножјето на Илински Врв – еден од најзачуваните вулкански некови кои го опкружуваат Лесновскиот кратер;
- За промоција на вредностите на Лесновскиот кратер, беше организирана работилница со засегнатите страни и јавна трибина, се подготви и испечати лифлет, а проектните активности беа промовирани на локалните и регионалните медиуми.

