Проектот го реализира Општински спортски актив од Кочани, на водопадите на езерото Гратче. Главна цел на проектот е заштита на биолошката разновидност и природата низ промоција и одржливо користење на водопадите на езерото Гратче.

Во рамки на проектот се реализираа следните активности:
- Се подобри пристапноста до самите водопади и нивната непосредна околина со расчистување на пристапниот пат од ниско стеблести растенија и грмушки во должина од 150 м;
- Локалитетот околу водопадите се уреди со видиковец, седечки гарнитури и ограда, како и корпи за отпадоци;
- Поставени се информативни табли и патокази од мотелот Гратче до водопадите, за да се овозможи информираност за патеката, биолошката разновидност и природните карактеристики за локалитетот;
- Реализирани се 3 работилници на водопадите, со учество на деца од основните и средните училишта во Кочани;
- За промоција на водопадите и проектните резултати изработена е веб страна, испечатени се флаери и постери за промоција, а исто така проектот беше промовиран преку локалните и регионалните медиуми.

После реализација на проектот, уредениот локалитет е вклучен во регионалната туристичка понуда.

