Проектот го реализира здружението ОХО, кој придонесува кон едукација за зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и примена на практики од неформалното образование.
Со овој проект се претствува нов концепт на учење за биодиверзитетот и природата на локално ниво преку серија едукативни практики и активности. Проектот се состои од креирање едукативна патека и училница на отворено, со поставени едукативни табли кои содржат информации за карактеристиките на одредени видови во регионот. Паралелно со ова, беше реализирана едукативна кампања за потребата од заштита на природата и биодиверзитетот, како и за подигнување на јавната свест во воспитно-образовните институции во општина Пехчево.

Во рамки на проектот се реализираа следните активности:
- Креирана и маркирана е едукативна патека со поставени едукативни табли по должина на патеката, наменети за едукација на посетителите;
- Подготвени и испечатени се брошура и флаер со информации за патаката и биолошката разновидност во Пехчево, како и промотивни материјали;
- Се спроведе едукативна кампања во ОУ „Ванчо Китанов“ и детска градинка „7 септември“;
- За промоција на патеката беше организиран промотивен настан со учество на учениците од ОУ „Ванчо Китанов“ од Пехчево, на кој беше презентиран начинот на користење на патеката во едукативни цели. Настанот беше промовиран на регионалните и националните медиуми.
По завршување на проектните активности, патеката е дел од содржините кои се нудат во рамки на Едукативниот центар за зачувување на прородата во Негрево, а исто така е вклучена во интегрираната туристичка понуда на регионот.

